Ало, сакам да пријавам кодош! Литванија отвори телефонска линија за пријавување странски шпиони

од desk3
83 прегледи

Литванија отворила телефонска линија на која граѓаните можат да пријават потенцијални странски шпиони, со цел да се крене свеста за можните закани.

images

Портпаролката на литванската државна безбедносна агенција, Аурелија Каткувијен, изјави дека оваа линија, што ќе биде активна 24 часа, е отворена како одговор на растечките кибер-напади и други закани за националната безбедност, пренесуваат американските медиуми.

-Сега секој граѓанин ќе може да придонесе за безбедноста, наведе таа.

Американските медиуми пренесуваат дека во претходните години Литванија  депортира неколку руски дипломати, кои беа осомничени за шпионажа/МИА