Алонсо: Новиот болид на Мекларен е подобар во секој поглед

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Фернандо Алонсо изјави дека новиот болид на Мекларен во Формула 1 е чекор напред во секој поглед во споредба со болидот од претходната сезона. Двократниот шампион на Формула 1 го тестираше автомобилот за сезоната 2019 во првиот тест на Бахреин. Новиот пилот на тимот – дебитантот во Ф1 Ландо Норис ги надминува очекувањата во квалификациите во Австралија и Бахреин и одличното шесто место во Бахреин.

„Автомобилот е чекор напред во секој аспект. Постои повеќе кохезија, држи се подобро на правците, моторот е помоќен. Тимот оди во вистинската насока. Видовме во првите две трки, дека има уште еден чекор кој треба да се направи, за да се приближат кон трите топ тима. Го почувствував потенцијалот во болидот и верувам дека четвртото место е остварлива цел“, прокоментира Алонсо по тестот кој се одржа со болидот во Бахреин вчера.

„Со текот на годините имавме добри трки со Мекларен, некои добри моменти, но никогаш не сезона. Оваа година, Мекларен има добра основа и добра програма за развој“, додаде Шпанецот.