Алсат: Камчев нов газда на 11.000 м2 на Водно, оние за кои опозицијата велеше дека се на Груевски

од desk3
121 прегледи

 

Дел од спорните парцели на Водно за кои опозицијата тврдеше дека се на Премиерот Никола Груевски добија нови газди. Според податоците од централниот регистар, компанијата Орка Холдинг на бизнисменот Орце Камчев ја купила фирмата „Сирах Инженеринг“, инаку сопственик на земјиштето над вилата на Претседателот. Така, сопственоста на овие парцели на Водно од 11000 м2 сега завршува во Скопје, а од регистарот е избришан старата мајка-фирма од даночниот рај Белизе- информира ТВ Алсат.

209019

 

Но, освен промената на газдата и седиштето, сменето е и раководството на фирмата која ги поседува парцелите. Избришан е досегашниот управител Ристо Новачевски, кој е патем кум на Премиерот Никола Груевски од првиот брак. Како нов управител впишана е Кристина Камчева Стојчева, сестрата на Орце Камчев.

Овие парцели станаа спорни откако СДСМ во повеќе наврати ја актуелизираше нивнат купо-продажба. Имено, тие се откупени од приватни сопственици пред неколку години, кога нивната намена била шума или лозја. Но со измени на Деталните урбанистички планови во Центар, земјиштето се пренамени во градежно за куќи и згради, со што неговата вредност сега се мери во милиони евра.

Според расположивите податоци, новo седиште на фирмата која поседува над 11 000 м2 на Водно е адресата на Орка Холдинг.

Повеќе ТУКА