Алсат: МВР собира информации за евентуални закани кон пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

од desk2
130 прегледи

Телевизија Алсат известува дека службите на Министерството за внатрешни работи собира информации и надои за евентуани закани кон пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на утрешната пленарна седница на Собранието на РМ за отворање на уставните амандмани во контекст на прифаќање на Спогодбата од Преспа.

Министерството за внатрешни работи почнало да ги проверува потенцијалните закани за пратениците од опозицијата. Анонимни извори од Министерството за внатрешни работи за Алсат велат дека се собираат податоци од сите сектори.

Во петокот, потпретседателот на парламентот, Фросина Ременска, го информираше претседателот Талат Џафери за, како што се вели во писмото упатено до него, долготрајните закани до пратениците и нивните семејства./Alsat M