Партијата Алтернaтивa соопшти дека ја прифатила поканата на албанскиот премиер Еди Рама за средба со лидерите на најголемите партии од албанскиот блок во Македонија.
Од таму велат дека тоа го прават „без намера да влегуваат во дневно политичките агенди на другите поканети партии“.
-Сакаме да потенцираме дека како партија на иднината сме подготвени да разговараме со секого ако темите се важните прашања кои ги загрижуваат Албанците во Северна Македонија. Имаме сопствена агенда и за истата очекуваме поддршка од сите присутни. Еден од приоритетите е нашиот Уставен амандман за спречување на застарување на кривичните дела поврзани со политичката корупција. Најважно од се’ е дека нема нашиот политички капитал да го жртвуваме за амортизирање на ничија партиска криза. Граѓаните треба да бидат спокојни и да бидат сигурни дека Претседателот на АлтернАтивА, Африм Гаши, ќе продолжи да биде нивниот глас, соопштија од владеачката партија.
Рама ги поканил лидерите на политичките партии на Албанците од земјава на неформална средба закажана за денеска. Поканети се лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива, Африм Гаши и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Од БЕСА соопштија дека нивниот лидер нема да седне на заедничката маса во Тирана.