Алтернaтивa: Бомбардирањето на болницата во Газа е последен аларм за цивилизираниот свет

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Нападот на Израел врз Појасот Газа, со цел одмаздување кон неодамнешниот напад на Хамас, од денес зазема тешки размери. Израелскиот напад опфатил бомбардирања на болници, училишта и населени згради, извршувајќи при тоа убиство на повеќе од 3000 цивили, од кои околу 1000 се деца, а над 1000 се жени. Освен нив, преку 1 милион луѓе се веќе преселени од нивните домови или се останати без кров над глава. Но, фактот што вечерва на нападот врз болницата „Ал Ахли“ во Газа се убиени над 500 цивили, треба да биде последниот аларм за светот дека осветувањето го допира дното, соопштија од Алтернатива.

„Како партија која се залага за почитување на човечките права, без обѕир на нивниот етнички и религиозен идентитет, АлтернАтивА смета дека тоа што се случува во Газа зазема размери на воено злосторство, кое утре може да се третира и како геноцид.

Поаѓајќи од тоа, како и покажувајќи солидарност со жртвите, АлтернАтивА го повикува цивилизираниот свет да не дозволи еден нов холокауст, за кој утре може да жалат сите“, додаваат од партијата на Гаши.

Слични содржини