Алтернатива му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да не ја користи партијата во политичките пресметки со СДСМ.
-Ниту пред 12 месеци влеговме, ниту пак сега излегуваме од актуелното владејачко мнозинство за да му расипуваме или правиме нему ќеиф. Алтернатива ниту била, ниту е, ниту ќе биде спасител за нечиј криминал. Ние сме единствената партија која од позиција на учесник во власта предложи уставен механизам за справување со политичка корупција. Би било добро ВМРО-ДПМНЕ да го соопшти својот став за предлогот на Алтернатива, велат од партијата на Африм Гаши.
Ова следува откако синоќа Мицкоски во изјава пред медиумите рече дека токму партијата на Гаши во 2001 година ја спасила Владата.
– Тоа само говори колкав е моралниот и човечкиот капацитет на овие луѓе. ќе потсетам дека после ноемвриските настани во 2021 година, Африм Гаши и Алтернатива беа тие кои ја спасија владата на ДУИ, поддржана од СДС. Сега Ковачевски и Артан Груби одлучија буквално со клоци да ги исфрлат луѓето од Алтернатива кои го продолжија овој криминален политички неморал на владата на ДУИ поддржана од СДСМ, кажа Мицкоски.