АлтернАтивА & Движење БЕСА & Демократско движење: Владата денеска докажа дека не се грижи за интеграцијата, туку за власта

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Бидејќи денеска во Собранието на Република Северна Македонија, расправата за уставните измени беше ставена на дневен ред, и по завршување на дискусиите и исцрпување на расправата, претседателот на Собранието, без никаква формална причина не го изгласа предлогот за потреба за отворање на Уставот. Тоа подразбираше дека парламентарното мнозинство и оваа влада го знаат исходот од тоа гласање и затоа не сакаа да се соочат со недостигот на потребното мнозинство за уставните измени, соопштуваат од АлтернАтивА и Движење БЕСА и Демократско движење.

„Знаејќи дека немањето број од 2/3 од пратениците е и немање легитимитет за продолжување на владеењето, а не можеме да не констатираме уште еднаш дека оваа влада нема грижа да ја одолговлекува интеграцијата и можноста за отворање на преговорите со ЕУ кога станува збор за нивната лична власт.

Наместо оваа точка да ја стави на гласање, за да се докаже потребното мнозинство, претседателот на Собранието му направи уште една услуга на ова кревко мнозинство, да го продолжи рокот на оваа власт за уште неколку дена, доволно за да заврши некоја финансиска трансакција.

Затекнати во оваа ситуација, кога не остана свесна партија на страната на власта за историскиот моментум за државата, ги повикуваме нашите меѓународни стратешки сојузници, ЕУ и САД, да ја известат оваа влада која ги преминува сите црвени линии и дека веќе е единствениот и директен виновник за неинтеграцијата на Северна Македонија во ЕУ“, стои во соопштението.

Слични содржини