Од Алтернатива денеска реагираат по повод оставките на министрите на ДУИ.
„Денешното дволиство на Ахмети, Груби и нивните кланови сведочи за неколку работи. Прво, дека парламентарното мнозинство е далеку од 2/3 мнозинство за посакуваните уставни измени. Второ, се чинеше дека Ахмети, Груби и нивните кланови беа во паника за тоа што ќе се случи следно. Трето, по веќе виденото ПР-сценарио на лажно херојство, како „Зошто да не“, повторно се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од нивните коруптивни и политички дамки“, велат од Алтернатива.
Алтернатива им порача да потонат уште малку во нивната кал, бидејќи по парламентарните избори, кога и да се случат, ќе одговараат пред судските органи за сите неправди што му се направени на албанскиот народ.
„Часовникот отчукува!“, додаваат од партијата.