Алтернатива: Меџити продолжува да се фали со проектите на Сали на сметка на граѓаните на Сарај

од Nikola Popovski
259 прегледи

Денес, министерот за Здравство, Фатмир Меџити, учествуваше на свеченото отворање на поликлиниката во Сарај, фалејќи се дека станал дел од историјата. Исто како што во Тетовската болница се фали со медицинската опрема обезбедена од претходниот министер, Беким Сали, исто како што ја прогласи са успех позитивната листа на лекови, отпочната од поранешниот министер Беким Сали, исто како што се фали во Тетовскиот Универзитет со специјализациите обезбедени исто така од Беким Сали, против кого води војна дури и да не биде поканет на церемонијата, денес беше во Сарај да ја отвори поликлиниката во оваа општина, иако таа била завршена кога министер за Здравство беше Беким Сали, вели од партијата Алтернатива.

За информација на јавноста, додаваат од партијата, поликлиниката во Сарај е готова веќе една година, дури и медицинската опрема беше обезбедена и платена од времето кога министер беше Беким Сали, додека Фатмир Меџити е заслужен само за штетата што им ја нанел на 40 илјади жители на Сарај, на кои цела година им наштетил со одолговлекување на уредувањето на дворот на поликлиниката, со цел ова отворање да се совпадне со изборната кампања во 2024 година.

-Сепак, според изреката на Балзак дека „декорациите обично ги сакаат тие што не ги заслужуваат”, ние сме задоволни со тоа што граѓаните на Сарај ќе имаат една поликлиника и дека ние имавме можност да го реализираме тој проект за една година владеење со Министерството за здравство.    Но, Фатмир Меџити и неговата партија треба да знаат дека присвојувањето на заслугите на другите не ги амнестира од отсуството на проекти и резултати. Изборите доаѓаат, а како што тргнал без ниту една работа и со присвојување на заслугите на другите, ќе биде запаметен како министер кој не направил ниту една единствена работа, освен исплатата за модуларните болници на Кочо Анѓушев, човекот од американската црна листа, стои во соопштението на партијата на Африм Гаши.

Додаваат дека „за феноменот на министрите од типот на Фатмир Меџити албанскиот народ има една многу убава поговорка, која најдобро ја опишува неговата мрзеливост, а која преведена на македонски од прилика гласи вака “Каков почеток, таков крај“.

Слични содржини