Алтернатива негодува поради пресудата на Врховен за „Монструм“, вели дека е монтиран случај

од Nikola Popovski
492 прегледи

Алтернатива смета дека вчерашната пресуда на Врховниот суд со која се потврди пресудата на Апелацискиот суд за казните изречени за случајот „Монструм“, уште еднаш го потврдува нивниот став дека „правосудниот систем во Македонија ги казнува незаштитените лица и ги наградува моќните криминалци“.

-Овде сакаме да потсетиме дека Алтернатива беше првата партија во политичката историја овие години која во својот договор за заедничко владеење, во ноември 2021 година, ја постави и целта на обелоденување на монтираните случаи со цел да упати писмо до Европската комисија за да испрати тим на вештаци да ги истражат тие случаи. Меѓутоа, јавноста знае дека СДСМ го прекрши договорот, а Алијанса за Албанците, која дојде на власт по нас – иако го има Министерството за правда и повеќе од кој било ги злоупотреби членовите на семејствата за случајот „Монструм“ – дури ни не го спомна веќе овој случај. Дополнително, кога излеговме од Владата, премиерот Ковачевски лансираше уште една лага, дека писмото за Европската Комисија во врска со овие случаи ќе го испрати до ЕК, затоа што наводно така се договорил со пратеник Албанец кого власта го има заведено, велат од Алтернатива преку соопштение.

Изразуваат жалење за, како што велат, Албанците кои продолжуваат да издржуваат доживотна казна затвор.

-Истовремено кога имаме министер за правда кој ги спасува криминалците и во времето кога премиерот прави акшам-пазари со пратениците Албанци, исто така исмејувајќи се со апсените Албанци во монтираните случаи.

И покрај ова, Алтернатива продолжува да смета дека сè уште е можно да се редефинира правосудниот систем, а тоа го докажавме со доставување на интерпелација за јавниот обвинител Љубомир Јовески, за која очекуваме претседателот на Собранието да закаже собраниска седница, соопшти партијата на Африм Гаши.Вчера Врховниот суд, по одржаната јавна седница на ден 27.06.2023 година и по одржаното советување и гласање на ден 15.09.2023 година, донесе пресуда ВКЖ2-33/22 со која жалбите на обвинетите А.Д., А.И. и А.И. ги одби како неосновани и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-109/21 од 31.03.2022 година, ја потврди во целост.

Петкратното убиство кај Смилковско Езеро се случи на 12 април 2012 година, кога животот го загубија четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани, како и 45-годишен рибар од селото Црешево.

Во 2017 година Врховниот го врати „Монструм“ на ново судење. На крајот пет лица беа прогласени за виновни. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ беа осудени на доживотен затвор во отсуство, како и Агим Исмаиловиќ за делото „тероризам“. Фејзи Азири беше осуден на 15 години затвор, додека Хаки Азири беше осуден на 9 години затвор. Сами Лута беше прогласен за невин. Петкратното убиство на Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година.

Слични содржини