Алтернатива: Новиот долг на ЕСМ ќе ги поскапи сметките за струја

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Електраните на Северна Македонија добија нов долг од 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Неспособноста и неодговорноста на менаџерскиот тим ја доведе ЕСМ во ситуација да се задолжи за да продолжи да работи и да исплати плати, соопштија од Алтернатива.

ЕСМ постојано е мета на критики за нетранспарентни набавки и зделки во четири очи, што нужно го наметнува прашањето дали корупцијата на менаџментот ја доведе компанијата до точка да мора да ги покрива загубите со долг? Ќе се злоупотребуваат ли и овие 100 милиони евра, како стотици милиони во минатото?

Она што најмногу не загрижува е фактот што за враќање на кредитот, ЕСМ ќе бара поскапување на струјата, дополнително оптоварувајќи го семејниот буџет.

Ја повикуваме РКЕ да не дозволи поскапување за ЕСМ, бидејќи граѓаните не треба да плаќаат за неспособноста, неодговорноста и каприците на раководството на ЕСМ.

ЕСМ беше главниот виновник за неодамнешната енергетска криза во Северна Македонија, со неспособноста да произведе доволно струја за да ги задоволи потребите на земјата. Овој неодговорен менаџмент треба да биде казнет, а не награден“, посочија, меѓу другото, од партијата на Гаши.

Слични содржини