„Алтернатива“ потврди: Гаши утре ќе се сретне со  Заев

од Берта Китинска
263 прегледи

Утре премиерот Зоран Заев ќе одржи средба со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, потврдуваат за „Локално“ од политичката партија Алтернатива.

-Средба ќе има, но вакви средби претседателот Гаши имал и претходно и ќе има и во иднина.За тоа што утре ќе биде разговорано, тоа ќе биде објавено после средбата, изјавија од Алтернатива.

На средбата којашто се најавуваше би требало да се разговара за можноста Алтернатива да се приклучи на парламентарното мнозинство.

Средбата ќе биде во 15.30 часот во Клубот на пратеници.

Слични содржини