Алтернатива предлага уставни измени за борба против корупцијата

од Nikola Popovski
196 прегледи

Aлтернатива предлага уставен амандман за борба против корупцијата, односно како што велат од партијата, со кој се очекува дека ќе се спречи сите избрани и именувани функционери во закондавната, извршната и локалната власт да се стекнат со противправна имотна корист.

-Предложениот амандман ќе биде основ и ќе отвори можност со измени и дополнување со нов член 112-а во КЗ да се предвиди одредба со која евентуалните кривични дела сторени од избрани и именувани лица кои се категоризирани како кривични дела против службената должност, никогаш да не застаруваат. Ова подразбира и проширување на опфатот на конфискација на противправно стекнат имот впишан на трети лица, рече претседателот на партијата Африм Гаши.

Според владеачката партија, со ова нема да им се дозволи на сегашните и поранешните функционери да се извлечат од одговорност за злоупотреба на службената должност и противзаконска имотна корист со застарување на делото.

Во однос на барањето на дел од албанските партии да се избрише од Уставот формулацијата „јазикот што го говорат повеќе од 20 проценти….”, од Алтернатива велат дека се согласни, но дека дебатата за ова прашање треба да се води внимателно бидејќи, како што посочуваат, не смее да има победници и поразени.

Слични содржини