Алтернатива: Се надеваме дека одлуката за „Титаник 2“ не е дел од преговорите за создавање мнозинство за уставни измени

од Nikola Popovski
174 прегледи

Партијата Алтернатива денеска реагираше на одложувањето на случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности, со што практично застарува делото за кое меѓу другите се товарат и поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Веста дека рочиштето за случајот „Титаник 2“ е одложено за овој предмет да застари, е најточниот доказ не само за екстремната корумпираност на судскиот систем, туку и апсолутна причина да се прифати предложениот амандман за уставни измени од Алтернатива, според кој случаите на политичка корупција никогаш не можат да застарат, велат од партијата на Африм Гаши.

Потенцираат дека предметот за Мијалков е подарок и за министерот за правда, кој се уште не се изјаснил за нивниот предлог за борба против политичката корупција.

-Сепак, се надеваме дека оваа одлука не е дел од преговорите за создавање мнозинство за уставни измени. Ако политичката корупција е алатка за евроинтеграциската агенда, тоа покажува дека европскиот сон на оваа земја е во залез, стои во партиското соопштение.

Слични содржини