Алтернатива: Смртта на 14 пациенти да се казни со условни казни е втор пожар за жртвите и нивните семејства

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Денеска, кога беа изречени казните за пожарот предизвикан во модуларната болница на 8 септември 2021 година, при што загинаа 14 пациенти, уште еднаш се докажа дека во РСМ, не само што имаме политизирано судство, туку се манифестираше на брутален и безмилосен начин, којзнае по кој пат, дека во Северна Македонија институциите на правдата не делат правда, соопштија од Алтернатива.

„Катастрофална штета, во пожар изгореа 14 пациенти, да се казни со т.н. условни казни е втор пожар за жртвите и нивните семејства. Основното прашање што се поставува во овој случај е дали ќе ја имавме истата казна доколку директорот на болницата не би бил брат на постојаниот министер на секоја влада, Фатмир Бесими? Додека следното прашање е каква е улогата на Алијансата за Албанците, која раководи со Министерството за правда? Кој е нејзиниот придонес и која е неговата заслуга кон овие крајно политизирани пресуди?

Денешната пресуда ја потврдува нашата констатација, многупати изјавена, дека Европската Унија мора сериозно да размисли за овој аларм, бидејќи единствената надеж за правда во Северна Македонија е судскиот систем целосно да се редефинира, со цел да се деполитизира и да се стави на услуга на сите граѓани“, велат од партијата на Гаши.

Слични содржини