Алтернатива: Србија станува опасна земја за секој Албанец, МНР да реагира

од Vladimir Zorba

По најавата дека албанското семејство од Гостивар било малтретирано во Србија, бидејќи еден од патниците во возилото имал албански етнички симбол на својата маица, Алтернатива ја изразува својата загриженост што Србија станува опасна земја за секој Албанец кој патува низ таа држава, се вели во денешното соопштение.

Осудувајќи го овој чин како сериозно кршење на меѓудржавните односи и страшна албанофобија, Алтернатива бара официјални информации од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија какви дипломатски мерки има преземено или ќе преземе Северна Македонија против ова кршење на меѓудржавните односи од Србија наспроти Северна Македонија.

Притоа, не можеме а да не заклучиме дека ваквото албанофобично однесување на Србија кон Албанците, овој пат граѓани на Северна Македонија, покажува дека ништо не се променило во Белград од времето на Милошевиќ и дека соништата на Ковачевски и Али Ахмети за „Отворен Балкан“ Вучиќ ги превртува кога сака и како сака.

Дополнително, индикативно е дека овој чин се совпаѓа и со кампањата на Владата на Северна Македонија што се прави против албанските етнички симболи, што се појавија пред неколку дена на еден митинг во Тетово. Всушност, најголемата грижа е што Северна Македонија, со оваа Влада, станува полигон на Србија“, сметаат од Алтернатива.

Слични содржини