Ако му веруваме, а јас не би сакал да не им верувам, на премиерот и на претседателот на Алијансата за Албанците дека во петок разговарале за интеграцискиот процес и за борбата против корупцијата, мислам дека се уште нема никаков друг контекст за припојување на Алијансата кон владиното мнозинство, велат во изјава за „Локално“ од партијата Алтернатива за евентуалното приклучување на АА во Владата.
Според партијата, мнозинството е истото што било и лани во оваа време кога Алтернатива се приклучи на Владата, па затоа не гледаат која би била причината за влез на некоја друга партија во владата.
-Единствена измена е стравот на ДУИ ќе може да остане без огнените пратеници. Во тој случај ДУИ ќе бара некоја резервна гума, а дали Алијанса ќе прифати да биде тој елемент, тоа е нивна одлука, истакнуваат од Алтернатива.
Од владеачката партија посочуваат дека е важно да продолжи интеграцискиот процес и да се реализира нивниот политички договор со СДСМ.
-За нас не менува ништо ако ДУИ или СДСМ сакаат да отстапат место за некоја друга партија. Тоа ќе биде нивна одлука, порачуваат од Алтернатива.
Синоќа портпаролот на Алијансата за Албанците, Арбен Зекири за „Локално“ изјави дека се шпекулации информациите според кои партијата веќе влегла во Владата и дека ќе земе три министерства.
Веќе неколку недели во јавноста кружи темата за проширување на Владата и евентуалниот влез на АА во владиниот кабинет, но засега ништо конкретно.
Н.П.