Алвес потврди дека ја напушта Барселона

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Барселона, Дани Алвес вечерва потврди дека ќе го напушти клубот, само седум месеци по враќањето на „Камп Ноу“.

Алвеш се врати во Барселона како слободен играч во ноември и оттогаш одигра 16 натпревари, постигна гол и имаше три асистенции.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите за можноста што ми ја дадоа да се вратам во овој клуб и што можев повторно да го носам овој прекрасен дрес. Не знаете колку сум среќен. Се завршува еден многу убав циклус и се отвора друг, попредизвикувачки“, наведе Алвес на социјалните мрежи.

Тоа беше негов втор мандат во каталонскиот клуб за кој претходно настапуваше од 2008 до 2016 година. Одигра вкупно 407 натпревари и меѓу другото освои шест шампионски титули во Примера и три ЛШ.

Со Барселона освои вкупно 23 трофеи. Тој е најтрофејниот фудбалер со 46 трофеи на сениорско ниво, а вкупно 47.

Во текот на кариерата играше и за Баија, Севиља, Јувентус, Пари Сен Жермен и Сао Паоло.

За репрезентацијата на Бразил досега одигра 124 натпревари и постигна осум гола.

Слични содржини