Обрнавме внимание на изјавите на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, дадени на 16 јули во неговото интервју за BuzzFeed News и во коментар за македонски медиуми, со обвинувања за наводно финансирање на антивладини протести во Македонија од страна на некои «бизнисмени од Русија».
ИВАН САВИДИ – РУСКИ МИЛИЈАРДЕР КОЈ СТОИ ЗАД ПРОТЕСТИТЕ ВО СКОПЈЕ
Сметаме дека ваквите паушални изјави, како и неодамнешните наводи од страна на Министерот за одбрана, Радмила Шекеринска, имаат за цел ширење на русофобијата, која што преку западните партнери на Македонија сѐ почесто се прифаќа како алатка за постигнувње сопствени внатрешни и надворешно политички цели, се вели во вечерашното соопштение на руската амбасада во Скопје

Во тој контекст се доведува во прашање искреноста на заложбите на Владата на Република Македонија за градење пријателски односи со Руската Федерација.
Очекуваме дека македонската страна, во рамките на законите на државата и меѓународната практика, ќе спроведе детална и објективна истрага на наводите на кои алудираат посочените членови на Владата на Република Македонија, и на јавноста и на руската страна ќе ѝ презентира реални факти, а не конструкции.
ЗАЕВ ЗА „БАЗФИД“: ПРО-РУСКИ БИЗНИСМЕНИ ПЛАЌААТ ЗА НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Сметаме дека се контрапродуктивни и неодговорни обидите за заплашување на граѓаните со измислена руска закана“, се вели во соопштението на руската амбасада во Скопје.