Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од владата ја носи народот

од Vladimir Zorba
661 прегледи

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје во пишана изјава за порталот ПРЕСонлајн ги охрабрува сите политички партии да седнат на преговарачка маса за европската иднина на земјата.

Од амбасадата велат дека одлуката кој е во, а кој надвор од Владата ја носи народот на Северна Македонија.

– Одлуките за тоа кој е во и надвор од владата им припаѓаат на народот на Северна Македонија и нивните политички претставници. Ги охрабруваме сите политички партии да седнат на маса и да бидат дел од дискурсот за иднината на земјата, наведуваат од Амбасадата на САД во Скопје.

Слични содржини