Амбасадата на САД ги предупредува Американците за денешните протести против референдумот

од desk2
135 прегледи

Американската амбасада во Скопје на својата официјална страна објави предупредување до своите државјани во кое се вели дека на 27 септември во 19:00 часот тие не треба да се движат пред Собранието на Република Македонија.

Спиред соопштението на 30-ти септември ги предупредуваат своите граѓаните во 19:00 часот да не се движат ниту пред Собранието ниту на плоштадот Македонија во Скопје.

“Различни групи имаат намера да демонстрираат против претстојниот национален референдум за Преспанскиот договор за името меѓу Македонија и Грција, кој ќе се одржи в недела, на 30 септември. Спонтани, ненајавени демонстрации може да се случат и во Скопје и во други делови на земјата во текот на овој период. Персоналот на американската влада совтува да избегнува секакви области каде што може да се појават демонстрации”, се вели во соопштението на амбасадата на САД.