Амбасадата на САД ќе донира 60 боди камери на Царинската управа

од Илинка Илиоска
46 прегледи

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски синоќа во вестите на МТВ најави дека цариниците во иднина ќе носат боди камери со кои што се очекува да се намали нивото на корупција и да се зголеми контролата. Камерите освен што препознаваат лица, регистрираат и возила и ќе алармираат за оптовареност на граничните премини како и за сомнителни движења.

„За сузбивање на корупцијата преземаме конкретни мерки, во скоро време ќе се набават 60 боди камери за што е обезбедена донација од амбасадата на САД“, рече Николовски.

Тој очекува потизивните ефекти од користењето на камерите да бидат двострани. Освен што граѓаните ќе бидат заштитени од коруптивни влијанија од страна на царинските слубеници, службениците ќе бидат заштитени од лажни пријави и поплаки.Тој додаде дека интензивно се работи и на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ, а најави и координирани акции во иднина со останатите институции.️

„Размената на податоци е клучна за сузбивање на криминалот, но и за креирање ефективни реформски политики при што веќе се договорени конкретни активности со УЈП, Народна банка, Бирото за јавна безбедност, Државен завод за статистика“ – истакна Николовски.

Слични содржини