
„САД им честита на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство за формирањето на нова влада во Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, САД со нетрпение очекува да работи со новата влада за исполнување на евро-атлантските аспирации на земјата за спроведување на итните реформи со кои ќе се зајакне владеењето на правото и независноста на судството, слободата на медиумите, и отчетноста на владата“, пишува во објавата.
Со твит и иста содржина се огласи и амбасадорот Џес Бејли