Амбасадата на САД организира следење на резултатите од Претседателските избори 2016

од Vladimir Zorba
75 прегледи

 

Амбасадата на Соединетите Држави во Скопје ќе организира настан за резултатите од Претседателските избори во САД 2016, во среда наутро, на самиот ден на изборите.

tramp-hilariКако што соопшти Амбасадата, настанот ќе вклучи резултати од гласањето во живо според држави, ТВ прилози од кампањата, и детални информации за претседателската трка. Исто така, ќе бидат достапни и информативни публикации и онлајн ресурси за изборниот процес во САД.

– Зависно од објавувањето на првичните резултати, амбасадорот Џес Бејли се очекува да им се обрати на присутните околу 8:00 часот. Преставници од македонската влада, локалните власти и јавните институции, како и од невладиниот сектор,  академската заедница, бизнисот, медиумите и од меѓународната заедница се поканети да го споделат со нас овој посебен ден во политиката на САД, стои во соопштението од Амбасадата.