Амбасадата во Израел: Евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Амбасадата на Северна Македонија во Израел денеска соопшти дека воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени и дека планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Има најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14:00 часот, се наведува во информацијата што Амбасадата ја објави на Фејсбук.

-Од Министерството за туризам на Израел сме информирани дека функционира морска рута од Ашдод до Лимасол (Кипар) (компанијата “Mano Shipping”). Следниот брод со слободни места “Crown Iris” планирано да отпловува од Ашдод на 27 јуни (петок). Можете да купите карти директно од веб страната на компанијата. Македонските државјани кои немаат никаков валиден пасош, молиме да се обратат до Амбасадата за добивање на Патен лист, информираат од Амбасадата.

Во објавата се посочува и информација од Министерството за туризам на Израел во врска со патувањето со брод.

Слични содржини