Амбасадорите на ЕУ не разговараа за бугарското вето и францускиот предлог

од Nikola Popovski
172 прегледи

Состанокот на постојаните претставници на земјите-членки на Европската унија во Луксембург заврши без да се разговара за позицијата на Бугарија за францускиот предлог по ветото за Северна Македонија.

Дипломатските извори ја опишуваат атмосферата како „позитивна“ и додаваат дека Бугарија информирала кои следни чекори ќе ги преземе, јави „БНР“.

За францускиот предлог нема да се расправа ниту на утрешниот Совет за општи работи.

Засега не е закажан состанок на Бугарската парламентарна комисија за надворешни работи за францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, појасни „БНТ“.

Документот, подготвен од француското ротирачко претседателство со ЕУ, беше испратен до тамошната Комисија во петокот. Два дена претходно, на седницата минатата среда, Владата одлучи сите прашања поврзани со темата Северна Македонија да ги решаваат само пратениците.

Бугарското МНР вчера излезе со официјален став за досега сработеното, а денеска до Комисијата испрати нацрт билатерален протокол меѓу Софија и Скопје.

Вечерва во Луксембург се собраа амбасадорите на сите 27 земји-членки да разговараат на оваа тема, но од Бугарија немаше вести за став за францускиот документ.

Слични содржини