„Не станува збор за давање зелено светло на РСМ за влез во ЕУ, туку се работи за почеток на преговори, а тие ќе траат многу години. Свесни сме дека има спорови меѓу две соседни земји. Што е најважно, мора да се создаде можност за помирување меѓу двете земји“, изјави нејзината екселенција Флоренс Робин, амбасадорката на Франција во Бугарија, во „Светот и ние“ на „БНТ“.
Таа ги коментираше приоритетите на Франција за претстојното претседателство со ЕУ, кое започнува со нова година.
„Имаме две цели – да се погрижиме да се изнајдат позитивни патишта за Република Северна Македонија, а не да западне во ситуација која би ја дестабилизирала. Покрај тоа, Бугарија, која е братска држава и членка на ЕУ, може да помогне. Во исто време, легитимните интереси на Бугарија мора да бидат заштитени“, рече Робин.
Според амбасадорката, Балканот е во срцето на Европа.
„Тоа е точно и од географска, и од историска точка. Тие одиграа многу важна улога во судбината на Европа, така што претседателот Макрон е убеден дека Европа мора да се ангажира со Балканот, и политички и економски. Треба да се направат напори за инвестирање, за развој на инфраструктурата. да покажеме поголема солидарност Од политички аспект треба да се разјасни европската перспектива за Балканот“, рече амбасадорот Робин.