Амбасадорот Бомгартнер ќе ги претстави Програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на ЕУ

од Берта Китинска

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер ќе ја претстави програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија.

Бомгартнер вчера ги презентираше приоритетите на француското претседателство пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

– Зајакнување на европската сила и моќ, заштита од безбедносните, но и секаков друг вид предизвци со кои се соочува ЕУ, заштита на здравјето на граѓаните, економската обнова, но и активности за зајакнување на чувството на припадност се дел од приоритетите за време на француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година, најави Бомгартнер.

Бомгартнер, во своето излагање на седницата на Советот за евроинтеграции, при откривањето на приоритетите на Франција за време на нејзиното претседавање со Европската Унија, рече дека Франција ќе има конструктивен пристап во овој поглед.

-Што се однесува до прашањето на проширувањето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија, за оваа тема нема некој точно утврден рок, затоа што тој зависи од меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите. Во овој момент е невозможно да се утврди точен датум, но, јасно е дека со француското претседателство постојано ќе се поддржува земјата, за да може работите да напредуваат конструктивно и во добра насока, со цел колку што е можно побрзо и во текот на француското претседателство да се постигне значителен напредок кој сите го очекуваат, порача амбасадорот Бомгартнер пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции пред кој ги презентираше приоритетите на француското претседателство.

Слични содржини