Амбасадорот на ЕУ во Русија Маркус Едерер за „Комерсант“ вели дека претстојниот период може да биде поопасен од Студената војна.

„Никој не сака нова Студена војна, тогаш на многу луше, посебно во источна Европа им беа скратени слободите. Затоа не сакам кога се зборува за Студена војна, затоа што тоа се погрешни паралели и тоа доведува до погрешни политички потези. Во ова време ние не гледаме многу карактеристики на студена војна, туку имаме друга ситуација“, вели Едерер.
На прво место овој периог од минатото го разликува непредвидливоста. Иако, не ја именува Русија како еден од виновниците, јасно е дека мислеше на режимот на Путин.
„Некои глобални актери како дел од своето однесување ја усвоија непредвидливоста. Зборувам за некои актери и тоа оние кои се потпираат на непредвидливоста на високо ниво, до сега невидено ниво. Сведоци сме на хибридна или нелинеарна војна, а тој феномен сам по себе е антипод на предвидливоста и довербата. Исто така, видовме неочекувани потези како анектирање на Крим и инвазија на Донбас“, вели Едерер.
Според него, Студената војна ја воделе две сили во биполарен свет со “статична ситуација во долг период“.
„Мислам дека сега живееме во свет без полови, а ситуацијата не е статична, туку мобилна. Во текот на Студената војна потпишуванни се бројни спогодби, а сега не само што нема нови договори, туку и старите се загрозени. Големите сили постепено ја поништуваат Спогодбата за отворено небо“, вели Едерер.
Европскиот амбасадор не сакаже да одговори на прашањето што е најлошо сценарио.
„Мора да работиме на тоа ситуацијата да се подобри, а не да се занимаваме со погодување“, вели тој за „Комерсант“.