Амбасадорот на ОБСЕ денеска во посета на Собранието

од desk4
40 прегледи

Амбасадорот на ОБСЕ во земјава, Килиан Вал, денеска ќе го посети Собранието, каде што ќе одржи работна средба со претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности, Жаклина Пешевска.

Средбата, како што информира собраниската прес-служба, ќе биде посветена на теми поврзани со родовата еднаквост и иницијативите за унапредување на можностите за жените и мажите во општеството.