Амбасадорот на Русија во САД: Киев и Вашингтон покажаа дека не сакаат мир

од Radmila Tasevska

Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антолов денес изјави дека посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон јасно покажала дека САД и Украина сакаат војна, а не мир.

Тој во интервју за ТАС С изјави дека Зеленски при посетата на САД покажал сервилност и подготвеност да го продолжи конфликтот меѓу рускиот и украинскиот народ.

„Сите видовме театарска претстава во која украинскиот претседател имаше своја улога. Тој дојде овде да моли за пари и оружје и постојано зборуваше за неговата посветеност на демократските идеали и за подготвеноста да ги потчини интересите на својата земја на политиката на Вашингтон“, рече Антолов.

Слични содржини