Амбасадорот на Русија во САД се враќа во Москва

од Vladimir Zorba

Русија најпосле го отповика  амбасадорот во Вашингтон Сергеј Кисљак, откако тој стана клучна фигура во истрагата на ФБИ за евентуална руска интервенција во претседателските избори во САД во 2016г.

 

Амбасадорот на Русија во САД, Сергеј Кисљак кој се најде во јавноста поради неговите состаноци со соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, ја напушта функцијата и се враќа во Москва, јави Си-Ен-Ен.

Руското МНР наведе дека Кисљак ја напушта позицијата амбасадор во Вашингтон по девет години и дека во прашање е однапред планирана редовна ротација.

Кисљак (66) се најде во јавноста кога поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин поднесе оставка откако беше утврдено дека имал контакти со рускиот амбасадор и пред да стапи официјално на функцијата.

Слични содржини