Амбер Херд и Џони Деп се разведоа, но обвинувањата продолжуваат

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Во почетокот на март Џони Деп поднесе тужба од 50 милиони долари против поранешната сопруга Амбер Херд, и ја обвини за клевета. Неодамна и Херд му одговори дека обезбедила во судот материјали кои докажуваат дека таа постојано била изложена на физичко малтретирање од страна на Деп, пишува OK Magazine.

Според зборовите на актерката, под дејство на дрога и алкохол ѕвездата од “Пиратите од Карибите” се претворал во “чудовиште”: “Тој беше сосема друг човек, несоодветен и суров. Оваа верзија на Џони беше монструозна. “

Херд исто раскажа за една случка случила во мај 2014 година. Актерот почнал да фрла сè што ќе фател со рака, бидејќи бил вознемирен дека учествувала во романтична сцена со Џејмс Франко.

Актерката раскажа и како во декември 2015 година меѓу сопружниците се случил уште еден конфликт, за време на кој Деп фрлил предмет кој ја удрил, а тој исто така ја зграпчил за косата и ја турнал по скалите.

Џони Деп никогаш не одговори на овие обвиненија.