Амди Бајрам: Лага е дека преговарам со ВМРО-ДПМНЕ, останувам во коалиција со СДСМ

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Сакам да се изјаснам, поради некои шпекулации кои ги имало во јавноста, по медиуми и портали дека јас преговарам со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е чиста лага, ниту преговарам, ниту имам некакви работи, вели пратеникот на Сојзуот на Ромите, Амди Бајрам.

„Јас сум во коалиција со СДСМ и останувам понатаму со нив во коалиција, сакам ако има вакви работи да контактирате со мене и да ве известам, вака не е во ред да се даваат изјави во јавноста, не треба да ни правите компликации и на мене и на мојата партија. Јас останувам во коалицијата во која сум си, со СДСМ“, рече Бајрам.

Тој рече дека паролата на Сојузот на Ромите е дека секогаш треба да бидат со власта. Вели, бил во тој брод со ВМРО-ДПМНЕ, но откако Титаник пропаднал, прешол во другиот брод и има добра коалиција со СДСМ и додаде дека му дал поддршка на премиерот Зоран Заев дека ќе оди со него на избори.

Александар Тодески

Фото: Борче Поповски

Слични содржини