Америка ги информираше европските сојузници и Конгресот за руските нуклеарни капацитети

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Америка го информираше Конгресот и нејзините европски сојузници за новите разузнавачки информации за руските нуклеарни капацитети кои би можеле да претставуваат меѓународна закана, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи неименувани официјални лица.

Повикувајќи се на сегашен и поранешен американски функционер, весникот објави дека новите разузнавачки информации се поврзани со обидите на Русија да развие вселенско антисателитско нуклеарно оружје, објави „Ројтерс“.

Изворите навеле дека нуклеарното оружје не е во орбитата и дека моментално не претставува закана за Америка.

Слични содржини