Америка испраќа дипломати на Балканот: Шоле и Ескобар следната недела во С.Македонија

од Vladimir Zorba

Советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле ќе предводи меѓуагенциската делегација која следната недела ќе го посети Западен Балкан – Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, како и Хрватска, а турнејата ќе ја заврши со посета на европските Унија во Брисел, соопшти Стејт департментот.

Како што јави Гласот на Америка, член на делегацијата ќе биде заменик-помошникот секретар на Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.

На 12 и 13 декември во Приштина, Шоле ќе разговара со косовските претставници и други политички лидери за продолжување на соработката за голем број прашања, вклучувајќи ги и напорите на САД за унапредување на интеграцијата на Косово во европските и евроатлантските структури.

Како што се наведува, ова вклучува дијалог со посредство на ЕУ за постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусиран на меѓусебното признавање.

На 13 декември, во Белград, Шоле ќе разговара со високи српски претставници за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон членството на Србија во ЕУ се наведува во соопштението.

Ќе разговараат и за улогата на Србија во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност и за континуиран ангажман на Србија во дијалогот со посредство на ЕУ, се посочува во соопштението за медиумите, со цел да се постигне сеопфатна нормализација на односите со Косово.

По посетата на Босна и Херцеговина, Шоле на 15 декември ќе престојува во Црна Гора, каде што со лидерите на владата и граѓанското општество ќе разговара за актуелниот политички ќор-сокак во земјата, како и за заедничката посветеност на регионалната безбедност и континуираниот напредок на Црна Гора кон евроатлантската интеграција.

На крајот од европската турнеја, советникот Шоле ќе разговара за голем број глобални прашања со европските партнери и сојузници во Брисел, вклучувајќи го пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, енергетската безбедност и дијалогот меѓу Косово и Србија.

Слични содржини