Најновиот извештај на американската агенција на владата открива дека поплави поради високата плима ширум САД се случуваат двапати повеќе од пред само 30 години.

Научниците предвидуваат дека тој тренд ќе продолжи поради порастот на нивото на морето.
Американската национална океанографска и атмосферска администрација, во својот извештај предупредува дека поплавите кои ги предизвикуваат високите плими, минатата година поставиле рекорд во повеќе од четврдина од 98 локации кои таа агенција ги надгледува ширум земјата.
Во извештајот се наведува дека минатата година Сабин Пас во Тексас имал 23 дена такви поплави, додека Атлантик Сити во Њу Џерси и Бостон во Масачусетс имале по 22 такви денови.
Како што се укажува, некои градови во други делови од САД имале помалку попл,ави, но во многу од нив се забележани рекордни висини на водата.
„И покрај годишните и регионални разлики, трендот е сосем јасен: Поради пораст на нивото на морето, просечната национална зачестеност на плимските поплави се удвоени во однос на периодот од пред 30 години“, пишува во извештајот.
бен Хортон, истражувач од Универзитетот Ратгерс, вели дека тоа претставува „предупредување“ и додава дека низ целиот американски брег потребна е акција. Тој оцени дека извештајот е значаен затоа што го направила агенција од администрацијата на претседателот ДОналд Трамп, кој оспорува дека климата се менува и затоа што покажува дека „проблемите на нашите брегови се зголемуваат и ќе се влошуваат“.
Со порастот на нивото на морето, приморските места ширум САД доживуваат поплави кои затвораат патишта или ги пореметуваат секојдневните активности.
Споменатиот извештај наведува дека такви пополави достигнале рекордни нивоа долж југоисточниот атлански брег и на истокот на Мексиканскиот залив, со податок дека Сан Диего во калифорнија имал до тогаш незабележани 13 дена поплава од висока плима.
Прогнозите за времето за оваа и следната година предупредуваат дека би можело да дојде до уште почести поплави и на источниот и назападниот брег, пренесе АП.