Америка повеќе не ѝ дава свои пари на Украина, сака да ги замени со замрзнат руски имот

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Американските функционери сè повеќе инсистираат на испраќање на руски имоти кои се замрзнати во Европа и Соединетите Американски Држави во Украина, пишува „Вашингтон пост“.

„Високите американски функционери ги интензивираа своите обиди да ги охрабрат западните влади да користат стотици милијарди долари замрзнати резерви на Централната банка на Русија за да ѝ помогнат на Украина“, пишува порталот, повикувајќи се на три извори.

„Вашингтон пост“ истакнува дека оваа идеја добива нов замав во светлината на се посериозните пречки со кои се соочуваат владите на САД и европските земји во однос на испраќањето на парите на даночните обврзници за финансирање на Киев.

Во исто време, порталот наведува дека се уште постојат сериозни правни и финансиски пречки кои ја попречуваат конфискацијата на рускиот имот.

Некои експерти стравуваат дека доколку се конфискува рускиот имот, владите на другите земји може да одлучат да ги повлечат своите средства од еврозоната.

Од друга страна, одредбите на американскиот устав спречуваат организирање на „отворена експропријација“ на руски имот во САД, според мислењето на неколку американски адвокати.

Замрзнување на руски имоти во САД и Европа

По почетокот на руската специјална воена операција во Украина, Европската унија и земјите од Г7 замрзнаа речиси половина од девизните резерви на Русија во вредност од околу 300 милијарди евра. Околу 200 милијарди евра се во ЕУ, главно на сметките на белгискиот Euroclear, еден од најголемите сметководствени и клириншки системи во светот.

Водачите на ЕУ минатиот октомври ѝ дадоа инструкции на Европската комисија да подготви предлози за користење на замрзнати руски средства за финансирање на обновата на Украина, иако ЕК досега не изнесе таков предлог. Кремљ најави дека носењето вакви одлуки ќе биде уште еден чекор во кршење на сите правила и норми на меѓународното право.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, претходно вети дека ќе претстави легален начин за користење на овој имот во корист на Украина. Но, нејзината изјава предизвика загриженост кај претставниците и дипломатите на блокот, вклучени во повеќемесечни дискусии за идејата, пренесува „Спутник“.

Слични содржини