Америка: Татко и син затворени поради лотариска измама од 20 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska

Татко и син од Масачусетс се осудени на затворски казни поради извршување измама на лотарија поради која се збогатиле додека им помагале на добитниците на награди да избегнат плаќање данок, соопшти денеска американското обвинителство во Бостон.

Али Џафар (63) и Јусеф Џафар (29) се осудени на пет, односно на нешто повеќе од четири години затвор, пренесува АП, додавајќи дека им е наложено да исплатат шест милиони долари.

Тие уновчиле 14.000 добитни ливчиња на лотарија во период од десет години, испрале повеќе од 20 милиони долари приход, а потоа лажеле на нивните даночни пријави за да ја измамат управата за приходи за околу 6 милиони долари.

Двајцата купувале добитни тикети со попуст од луѓе кои сакале да избегнат да бидат идентификувани како добитници од државната комисија за лотарија за задржување данок.

После тоа, таткото и синот би ја презеле паричната награда.

Тие ги пријавувале добивките, но истовремено во даночните пријави тврделе дека ги изгубиле истите средства коцкајќи се за да избегнат плаќање федерален данок на доход, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини