Америка воведе санкции за група поврзана со руската разузнавачка служба поради Молдавија

од Vladimir Zorba

Соединетите Држави денеска воведоа санкции за членови на група поврзана со руското разузнавање поради нивната наводна улога во напорите на Москва да ја дестабилизира демократијата и да влијае на изборите во Молдавија, објави американското Министерство за финансии.

Во соопштението се наведува дека санкциите се насочени кон седум лица, од кои неколку одржуваат врски со руските разузнавачки служби.

Меѓу нив е и водачот на групата, Константин Прокопиевиќ Сапожников, кој организираше заговор за дестабилизација на Владата на Молдавија на почетокот на 2023 година, објави Ројтерс.

Американскиот заменик-секретар за финансии Брајан Нелсон изјави дека санкциите, кои беа воведени денеска, фрлаат светлина врз, како што наведе, „тековните тајни напори на Русија за дестабилизација на демократските народи“ со цел да се постигнат интересите на Москва, пренесе Танјуг.

Слични содржини