
Одавно се зборува за роботи кои ќе ни го земат нашето работно место. Веројатно некако можеме да го спречиме, Но како? Кога и самите стануваме киборзи во канцеларијата!
На пример, компанијата 32M во Висконсин е прва во САД која нарачува чипови за сите свои вработени. Според претставник на компанијата, повеќе од 50% од вработените ќе сакаат да ги вградат. Иницијативата, која е целосно доброволна, се однесува на ставање чип за радио идентификација (RFID) и тоа во рацете на вработените – помеѓу палецот и показалецот. Неговата големина е исто колку и оризово зрно.
По имплантацијата, работникот ќе може да изврши голем број на вообичаени задачи со само мало движење на рацете.
“Сметаме дека RFID технологијата ќе преземе сè – од шопинг до отворање на прозорци и врати, употреба на копирни машини, влегување во мрежата на компанијата, отклучување на телефоните, размената на визит карти, складирање на информации за медицинската состојба на работникот.
И последно, но не и најмалку важно – да се вршат плаќања на RFID терминали “, објаснува од 32M извршниот директор Тод Вестби. Дали ќе се согласите да имплантирате чип во вашата рака?
Извор: Science Alert