Поранешната колумнистка и новинарка Е.Џин Керол тврди дека Доналд Трамп ја силувал во стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите. Во врска со тоа, таа сведочеше пред судот.
Керол го тужеше Трамп минатата година, откако новиот закон во Њујорк овозможи да се покрене тужба за сексуални злосторства по истекот на рокот на застареност, пишува Си-Ен-Ен.
Поранешната новинарка го тужи Трамп за злоупотреба и клевета, тврдејќи дека тој ја силувал во соблекувалната на стоковната куќа Бергдорф Гудман во пролетта 1996 година. Понатаму, Керол тврди дека Трамп ја наклеветил години подоцна кога таа излезе во јавноста со обвинувањата.
Трамп постојано ги негираше нејзините обвинувања.
„Тука сум затоа што ме силуваше Доналд Трамп, а кога пишував за тоа, тој рече дека тоа не се случило. Лажеше и ми го уништи угледот, а јас сум тука да се обидам да си го вратам животот“, сведочеше Керол на суд, пренесува Си-Ен-Ен.
Рекла и дека Доналд Трамп ја прашал за совет за купување подароци и додала дека воопшто не се плашела од Трамп, кој бил пријателски настроен и многу забавен.
Таа призна дека веројатно цело време флертувала со Трамп, но не мислела дека тоа ќе доведе до нешто интимно.