Американска војска: Веројатно го убивме лидерот на Исламската држава

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Централната воена команда на САД (Centcom) соопшти дека нејзините сили денеска убиле високо позициониран лидер на џихадистичката Исламска држава (ИСИЛ), вклучен во „планирани терористички напади на Блискиот Исток и Европа“.

Centcom објави дека извршил хеликоптерски напад во областа на северна Сирија, кој најверојатно резултирал со смрт на лидерот на Исламската држава. Убиени се уште две вооружени лица, се наведува.

„Во нападот не се повредени ниту американски војници, ниту цивили, а не се оштетени ниту американските хеликоптери“, додава Centcom, кој не го откри идентитетот на целниот командант ниту на двете убиени лица.

Слични содржини