Американската администрација ќе повика на вакцинација со дополнителна доза против Ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден подготвува планови да ги покани Американците да добијат дополнителна доза од вакцината против вирусот Ковид-19 наесен, со цел да се запре потенцијалниот нов бран на инфекција.

Неименуван функционер на Белата куќа рече дека додека локалните Центри за контрола и превенција на болести известуваат за зголемување на инфекциите и хоспитализацијата поради вирусот, вкупните бројки се сè уште ниски, пренесува „Ројтерс“.

„Ќе ги охрабриме сите Американци да добијат дополнителна доза , покрај вакцините за сезонски грип“, рече официјалниот претставник.

Слични содржини