Американската администрација со фото модел за директор за комуникации

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Хоуп Хикс конечно е  потврдена за директорка за комуникации на Белата куќа, иако таа и досега ја вршеше оваа  функцијата привремено.


Ова го соопшти за телевизијата Си-Ен-Ен портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс. Хикс има 28 години. Таа била фотомоделка, учествувала во рекламните кампањи на престижни модни куќи. За време на школувањето таа работела како ПР, соработувале со  компании за тренди облека, како и со таа на претседателската ќерка Иванка Трамп.

Доналд Трамп ја беше назначил за свој портпарол во почетокот на 2015 година, кога планираше да се кандидира за претседател.
Хикс започна да ги извршува функциите на директор за комуникации на Белата куќа по оставката во август на Ентони Скарамучи што ја вршеше оваа функција само 10 дена. Тој си дозволи остра реториката против чиновници од опкружувањето на Трамп, обвинувајќи ги за протекување на информации.
Директорот за комуникации на Белата куќа ја координира целата јавна информативна политика на
американската администрација. / ТАСС