Американската амбасада ги охрабри граѓаните в недела да излезат и да гласаат

од desk4
112 прегледи

Претстојните локални избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна, стабилна демократија, целосно интегрирана во евроатлантските институции, соопшти денеска Амбасадата на САД во Македонија и ги повикаа граѓаните да излезат и да гласаат.

– Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги изразат своите погледи за прашањата од нивната општина и да ја реафирмираат својата посветеност кон демократските вредности и владеењето на правото. Ги охрабруваме сите граѓани, граѓанските организации и медиумите да ги пријавуваат своите забелешки за изборните неправилности на надлежните власти. На крајот, партиите, владините институции, новинарите и граѓаните ќе ја одредат веродостојноста на процесот преку своите чекори – стои во изјавата.

Од Амбасадата истакнуваат дека изборите се круцијален дел од секоја демократија и дека ги поддржуваат напорите за охрабрување на граѓаните да гласаат.

„Американската амбасада активно учествува во надзорот, заедно со меѓународните и со локалните набљудувачи“, велат од амбасадата.