„Ова е внатрешно прашање кое треба да го разгледа Владата на Северна Македонија. Ние силно ја поддржуваме работата на Антикорупциска и нејзината важна надзорна улога“, изјавија од Американската амбасада во Скопје за „Алсат“, по повод специјалниот закон за изградба на автопати без тендер и неговото оспорување пред Уставниот суд.
Оттаму сепак се оградија од коментар за наводите на Антикорупциска дека специјалниот закон за изградба на автопати без тендер претставува сериозен фактор ризик за корупција.
Антикорупциската комисија смета дека со специјалниот закон се повредени уставните начела за еднаквост и слобода на пазарот. Антикорупционерите најавија оспорување на овој закон пред Уставниот суд откако шефот на државата, Стево Пендаровски, го потпиша указот за негово прогласување.