Американската католичка црква во бунт против вакцината: Дали се произведува на клеточни ткива од абортус?

од Nikola Popovski

Во директивата на Католичката црква се вели дека „вакцината Џонсон и Џонсон се произведува на клеточни ткива добиени од абортус“. Ова не е првпат Католичката црква да се појавува со вакви обвинувања, а целата приказна била демантирана претходно.

Американската католичка црква во вторникот ги повикала своите следбеници да ја избегнуваат вакцината за коронавирус развиена одЏонсон и Џонсон, тврдејќи дека таа е „развиена, тестирана и произведена со употреба на клеточни линии добиени од абортус“.

Американската конференција на католички бискупи ги повика католиците да изберат помеѓу алтернативите што ги нудат Фајзер и Модерна затоа што, како што истакнаа, вакцината Џонсон и Џонсон покрена прашања во врска со „моралната дозвола“.

„Одобрувањето на оваа вакцина за употреба во САД повторно покренува прашања во врска со моралната дозвола за употреба на вакцините развиени, тестирани и произведени со помош на абортирани фетални клетки“, рекол бискупот Кевин Роудс.

Тие се согласиле дека вакцините на Фајзер или Модерна се попосакувани „ако некој има избор на вакцина“.

Мултинационалната фармацевтска компанија ги отфрли овие тврдења во своето соопштение и рече дека „нема фетално ткиво“ во вакцините, пренесува Асошиејтед Прес.

Најновата изјава на Католичката црква ги обнови дискусиите за вакцината.

Претходно во декември, Ватикан им рече на католиците дека е морално прифатливо да се користат вакцини против Ковид-19 „дури и ако се користат клетки од абортирани фетални ткива за нивно производство“.

Во една белешка од Ватиканското собрание за доктрина на верата се вели дека употребата на такви вакцини е дозволена се додека нема друга алтернатива.

Слични содржини