„Американската ракетна флота е подготвена“: Лансираа интерконтинентална балистичка ракета Minuteman III

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Соединетите Американски Држави лансираа интерконтинентална балистичка ракета Minuteman III од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија.

Ова беше објавено на веб-страницата на овој воен објект.

– Интерконтиненталната балистичка ракета Minuteman III без боева глава беше лансирана за време на оперативен тест во 23:01 часот по Пацифичко време (08:01 по средноевропско време) на 5 ноември 2024 година во вселенската база Ванденберг во Калифорнија – се вели во соопштението на веб-страницата на базата. додавајќи:

– Пробните лансирања на интерконтинентални балистички ракети покажуваат дека американската ракетна флота е подготвена, сигурна и ефикасна за постигнување доминација во ерата на стратешка конкуренција.

Лансирањето се случи на истиот ден кога Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД.

Ракетата Minuteman III е долга 18,3 m и тежи 36.030 kg. Има оперативен домет од 14.000 km и прецизност од 240 m.

Слични содржини